Манчестер сити го продолжува „ловот“ на Ливерпул на врвот на табелата во Премиер лигата, откако рутински со 0:3 го победи Хадерсфилд за да се врати на разликата од 4 поени.
Данило во 18. минута го отвори резултатот, а сите надежи за изненадување на Хадерсфилд беа уништени за само две минути во второто полувреме.
Прво, Рахим Стерлинг во 54. минута по асистенцијата на Лирој Сане да зголеми на 2:0, а само две минути подоцна Сане самиот го комплетира триумфот на „граѓаните“ по една брза акција со Серхио Агуеро.
Сити се втори со 56 поени зад Ливерпул со 60, но пред Тотенхем со 48, додека Хадерсфилд останува последен со 11 поени, дури 10 од безбедната зона.
Фото: ЕПА