Top Sport

Сити се спасуваше против Ливерпул! Дали топката ја помина линијата? (видео)

Големото дерби на англискиот фудбал, дуелот на актуелниот шампион Манчестер сити и лидерот во Премиер лигата, Ливерпул започна „фуриозно“ на „Етихад“.

Ливерпул можат да жалат што не дојдоа до водство во 18. минута, кога прво Лирој Сане го погоди дирекот, за потоа во мешаницата, топката да биде извадена од гол-линијата.

Според ТВ-снимките, топката не помина целосно во голот, и затоа не е признат. Во Премиер лигата нема ВАР систем, но има гол-технологија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top