Top Sport

На Агуеро му „лежи“ Ливерпул – Сити води 1:0 по првото полувреме (видео)

Ливерпул е на 45 минути од првиот пораз оваа сезона во Премиер лигата, откако Серхио Агуеро успеа да им донесе водство од 1:0 на шампионите Манчестер сити во големото новогодишно дерби на „Етихад“.

Откако Ливерпул пропушти неверојатна шанса (ВИДЕТЕ ЛИНКОТ ПОДОЛУ) да стигне до водство по помалку контроверзната одлука да не се признае голот во 20. минута бидејќи одредени милиметри од топката не ја минааа гол-линијата, на крајот на полувремето следуваше казна.

Агуеро доби фантастична топка од поранешниот играч на Ливерпул, Рахим Стерлинг за да го матира Алисон Бекер. Со овој гол Аргентинецот, инаку рекорден стрелец на Сити, има постигнато гол во сите седум домашни мечеви на „граѓаните“ против Ливерпул.

Сити се спасуваше против Ливерпул! Дали топката ја помина линијата? (видео)

Scroll to Top