Манчестер сити во летниот преоден рок од Борусија Дортмунд го донесе Ерлинг Холанд.
„Граѓаните“ договорија трансфер од 60.000.000 евра со германскиот гигант, но сега се појавија информации дека Сити не платиле ниту еден цент за трансферот. Добро скриената тајна ја откри Ханс Еивинд Саген, извршен директор на Брин, клубот во кој Халанд ја започна кариерата.
Манчестер сити, трансферот на Халанд ќе започне да го исплаќа од наредното лето. Наводно клубовите договориле трансферот да биде исплаќан во четири рати.
„Не добивме никаква исплата кога Борусија го продаде Халанд. Причината за ова е договорот што го направија Манчестер сити и Борусија Дортмунд“, изјавил Саген за „Дагбладет“ и дополнил.
„Приходите ги внесуваме на сметката за оваа година, но средствата ќе ги добиеме дури во јули следната година“.