Top Sport

Сити се врати со убедлива победа, пет „парчиња“ за Саутемптон

Манчестер сити се „рехабилитираа“ од поразот во градското дерби од Манчестер јунајтед, откако вечерва стигнаа до убедлива 5:2 победа над Саутемптон за да ја вратат предноста од 14 поени пред „ѓаволите“ со само 9 натпревари до крајот на сезоната.

Кевин де Брујне постигна два гола, исто како Ријад Марез, а Илкај Гундоган ја продолжи својата фантастична серија за гол-шоу на „Етихад“, каде што по подолга пауза се врати и Серхио „Кун“ Агуеро. Саутемптон нема среќа со клубовите од Манчестер, бидејќи оваа сезона Јунајтед ги победи со неверојатни 9:0.

Сити има 68 поени на врвот на табелата од 29 меча, Јунајтед се втори со 54, а Лестер трети со 53, иако тие имаат натпревар помалку.

Scroll to Top