Top Sport

Сити се засили со младиот холандски дефанзивец Зандлер

Манчестер сити потврдија дека се договориле со ПЕЦ Цволе за трансфер на холандскиот дефанзивец Филип Зандлер.

21-годишниот Зандлер, кој е „продукт“ на младинската школа на Ајакс, ја претставуваше Холандија во У-20 репрезентацијата и обично игра на позицијата централен дефанзивец, или на позицијата на последен играч од средниот ред.

Сити не ги објавија финансиските детали на договорот, но се верува дека платиле околу 3 милиони евра, но и дека тој може да се врати во Цволе како позајмен играч. Зандлер е третото засилување за Сити оваа сезона по напаѓачот Ријад Марез и дефанзивецот Клаудио Гомеш.

Scroll to Top