Top Sport

Сити триумфираше кај Вотфорд и се качи на врвот на табелата во ПЛ

Манчестер Сити е нов лидер на табелата во Премиерлигата откако вечерва „граѓаните“ со 3-1 славеа на гостувањето кај Вотфорд.

Избранците на Пеп Гвардиола го искористија денешниот кикс на Челси кај Вест Хем, па по дванаесетиот сезонски триумф собраа 35 бода.

Првиот гол на „Викариџ Роуд“ падна по само 4 минути игра. Стрелец за 0-1 беше Стерлинг. До крајот на полувремето феноменалниот вечерва Бернардо Силва погоди за поубедливи 0-2 за Манчестер Сити.

Во второто полувреме домашните тргнаа поофанзивно, ама Бернардо Силва со својот втор гол го однесе мечот во убедливи 0-3.

До крајот пулените на Раниеру успеаја само да постигнат почесен погодок, во 78 минута преку Хернандез.

Scroll to Top