Top Sport

Трајковски стрелец во победата на Палермо (Видео)

Фудбалерите на Палермо по 18.коло повторно се на челната позиција во Серија Б. Тимот од Сицилија славеше на тешкото гостување во Бари со 3:0.

Палермо без капитенот и најдобриот стрелец Илија Несторовски победнички мина низ Бари и со 32 бода се издвои на челната позиција во Серија Б. Сицилијанците имаат два бода повеќе од Парма и Фросиноне, односно три од Емполи и Бари.

На стадионот „Свет Никола“, Палермо го скрши домаќинот со три гола во периодот од 62. до 75.минута.

Победата на Сицилијанците ја најави Рисполи во 62.минута. Седум минути подоцна македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го постигна вториот гол, а точка на мечот стави Коронадо.

Трајковски оваа сезона има одиграно девет натпревари во Серија Б, а против Бари го постигна вториот гол.

Scroll to Top