Top Sport

Сити во трка по „чудото од дете“ на Салцбург – има 63 гола на 41 меч

Манчестер Сити ја предводи трката по 16-годишниот Лука Рејхл, напаѓачот од академијата на Ред Бул Салцбург.

Младиот репрезентативец на Австрија постигна неверојатни 61 гол на 43 средби за академијата на австрискиот клуб, па со таа статистика ги привлече погледите на големите европски клубови.

Освен „ѓраѓаните“, интерес за него пројавиле и од Јувентус. И двата клуба засега можат да го добијат младиот фудбалер бесплатно, се додека не потпишал професионален договор со „биковите“.

За австриската У-16 репрезентација има 4 настапи и постигнати 2 гола.

Scroll to Top