Top Sport

Пескара ги носи Матри, Божинов и Мартинс во Серија Б?

Италијанскиот второлигаш, Пескара во јануарскиот преоден рок работеше на пронаоѓање засилувања за нападот. Не успеа, па сега тимот кој е во борба за пласман во Серија А наредната сезона се врти кон слободните агенти.

Тренерот на екипата, Никола Легротаље предложил тројца играчи. Обафеми Мартинс (35), Валери Божинов (33) и Алесандро Матри (35).

Матри е слободен од 31 јануари, тогаш му заврши договорот со Сасуоло.

Божинов исто така е слободен играч од крајот на минатиот месец, додека пак Мертенс скоро цела година (откако ја напушти Кина) не е во натпреварувачки ритам.

Пескара има неколку звучни имиња во составот. Дефанзивецот Уго Кампањаро, екс-играчот на Наполи и Интер, но и Кристијан Дел Грос од Аталанта.

Резултатите од првиот дел од сезоната во Серија Б им даваат право на навивачите да се надеваат барем на плеј-оф за пласман во елитното италијанско друштво.

Scroll to Top