Реал Мадрид наредното лето ќе се обидат да го донесат на „Сантијаго Бернабеу“ англискиот репрезентативец од Манчестер сити, Рахим Стерлинг, тврди „Скај Спорт“.
Флорентино Перез има пеколен план, Еден Азар лево Рахим Стерлинг десно и Карим Бензема во врвот на нападот. Азар и Бензема се играчи на Реал, а со понудата што ја подготвил Перез тешко дека ќе го добие Стерлинг.
Наводно скаути на Реал ќе го следеле Стерлинг на квалификацискиот натпревар што ќе го одигра Косово против Англија. Според „Скај Спорт“, Реал ќе понуделе 70 милиони фунти и на „Етихад“ би го испратиле Герет Бејл.
Вредноста на напаѓачот според Манчестер сити е 150 милиони фунти и немале намера да г продаваат туку во наскоро време ќе преговараат за нов договор според кој Стерлинг би добил неделна плата од речиси 500.000 евра.