Top Sport

Биното му одговори на Ферстапен: Нека внимава што зборува

Шефот на Ферари, Матија Биното луто одговори на прашањата околу легалноста на нивниот болид, откако возачот на Ред бул, Макс Ферстапен изјави дека италијанскиот тим „не можел да мами“ на Американското ГП и затоа имал слаба брзина.

Низата од шест трки во кои беа на пол-позицијата беше прекината во Тексас, а во трката беше уште помизерно – Себастијан Фетел загуби позиции на стартот, пред да се повлече поради проблеми со суспензијата, а Шарл Леклер заврши како четврти со минута заостанување зад двата болиди на Мерцедес и Ферстапен.

„Тоа се случува кога ќе престанете да мамите“, изјави Ферстапен по трката откако според него жалбата на Ред бул пред ФИА придонела за забрана за системот за проток на гориво.

Биното, пак, вели дека младиот Холанѓанец треба да внимава.

„Слушнав и прочитав многу коментари овој викенд околу техничките директиви и влијанието на нашите болиди и слушнавкоментари кои беа разочарувачки. Во основа, нашите перформанси без проблемите кои ги имавме со болидот можеа да донесат пол-позиција и затоа не гледам каде е проблемот. Но, такви коментари се сосема погрешни во нашиот спорт. Го нарушуваат имиџот на спортот и мислам дека сите треба да бидат малку повнимателни што зборуваат во јавност“, вели Биното.

Ферари лошо поминаа во САД: Ферстапен: Така е кога ќе престанете да мамите

Scroll to Top