Top Sport

Скај спорт: Најлесна група за Англија би била со три селекции од Балканот

Еден од највлијателните спортски медиуми во Англија и Европа, Скај спорт, ја состави најлесната и најтешката група „Гордиот Албион“, на ЕУРО 2024.

Според овој извор три репрезентации од Балканот, би им биле најлесни противници на Англичаните. Скај спорт, посакува група со Албанија, Словенија и Србија.

Од друга страна, најтежка група за Англија би била онаа со Данска, Холандија и Хрватска.

Секако, Хрватите, вечерва ќе мора да изборат пласман на завршниот турнир од 14 јуни до 14 јули во Германија.

Ждрепката за ЕУРО 2024 е закажана за 2 декември во Хамбург.

Scroll to Top