Британската телевизија „Скај спортс“ решила да го „отстрани“ поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант од својата утринска програма бидејќи тој „не ги исполнил стандардите“, откако дел од гледачите сметале дека тој е во алкохолизирана состојба.
37-годишниот поранешен играч на Ливерпул и Арсенал, зборуваше за трансферот на Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед во Интер, кога ги „развлекуваше“ зборовите и не даваше јасен одговор. По паузата за реклами тој бил заменет со новинарот Дејвид Рид.
„Одлуката на нашиот тим беше да го тргнеме Џермејн од програмата пред крајот бидејќи тој не ги задоволи нашите стандарди“, објавија од „Скај спортс“.
Пенант се јави преку социјалните мрежи.
„Се извинувам на сите во ’Скај спортс’ поради моето гостување денеска и жалам што ги разочарав вака. Нема изговори тука, сакам да направам кариера на ТВ преноси и се надевам дека не направив преголема штета. Но, спротивно од шпекулациите на социјалните мрежи, вчера не бев излезен во град“, вели Пенант.
— MarcoMcMarcFace (@TheGodAlmighty_) January 24, 2020