Top Sport

Страствените фудбалски фанови ризикуваат срцев удар

Студија на универзитетот во Оксфорд околу влијанието на славната 7:1 победа на Германија над Бразил на Светското првенство во 2014, заклучила дека навивачите ризикуваат срцев напад поради стресот кој го доживуваат гледајќи фудбалски натпревари.

Студијата е направена со анализа на плунката на дел од навивачите при полуфиналето од 2014 година, кога подоцнежните шампиони Германија ги декласираа Бразил, и е заклучено дека нивото на хормонот кортизол е многу повисоко кај „страствените“ навивачи. Кортизолот може да предизвика стеснети крвни садови, висок крвен притисок и оштетување на срцето.

„Фановите кои се страствено поврзани со својот тим, односно се гледаат како едно со тимот, искусуваат далеку повисоко ниво на психолошки стрес кога гледаат меч. Тие кои само повремено ги следат мечевите немаат такво искуство“, изјави докторката Марта Њусон за „Би-би-си“.

Славното полуфинале од 2014 година требаше да биде шанса за Бразил да ги стави зад себе лошите сеќавања од СП во 1950 година, кога загубија од Уругвај во финалето. Наместо тоа, се работеше за вистински хорор за „селесао“, откако Германците поведоа со 5:0 за само половина час игра.

Scroll to Top