Top Sport

Скалони: Ако победиме на Копа Америка бегам в пензија

Репрезентацијата на Аргентина, на последните две изданија на Копа Америка го освојуваше второто место, два пати гаучосите финалните мечеви ги губеа од Чиле. Копа Америка 2019 која започна вчера во Бразил, Аргентинците ќе ја отворат против Колумбија.

Аргентина нема победа на големо натпреварување уште од 1993 година, кога победија на Копа Америка.

Трофеј со Аргентина е нешто за што сонува најдобриот играч на оваа репрезентација Лионел Меси, додека селекторот Лионел Скалони порачал низ шега дека ќе се пензионира ако неговите играчи излезат како конечни победници.
„Ќе се пензионирам ако победиме на Копа Америка…Оваа екипа играше две финалиња. Важно е да знаеме колку е тешко кога ќе дојдеш до финалето и да не го освоиш. И овој пат ќе биде тешко и комплицирано. Овде сме да ги одиграме сите натпревари и да покажеме дека овие играчи го заслужуваат дресот на репрезентацијата“, рекол Скалони.

Аргентина и Колумбија својот натпревар ќе го играат на полноќ по средно-европско време.

Scroll to Top