Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека неговиот тим бил надигран во борбата за титулата.
По поразот од 1:0 по продолженијата, стратегот на „гаучосите“ не се обиде да го намали успехот на новиот светски шампион.
„Тажни сме, но знаеме дека дадовме се од себе. Има многу што би можел да кажам за нашиот пат до финалето, но сега тоа не е важно. Вечно сум им благодарен на овие момци кои се бореа до самиот крај. Шпанија беше подобра, тоа е вистина, но секогаш ќе го паметам овој тим. Ова многу боли. Мораме да бидеме големи и во поразот. Покажавме дека знаеме да губиме, но тоа не значи дека ќе заборавиме сè што направивме за да стигнеме до тука“, рече Скалони.
Селекторот на Аргентина нагласи дека неговите играчи немаат за што да жалат кога станува збор за посветеноста.
„Благодарен сум им на играчите и сакам да ѝ кажам на целата земја дека дадовме сѐ од себе. Ако изгубите, мора да станете, нема друг избор. Да се стигне до финалето на Светското првенство е исклучително тешко и затоа мора да го цениме она што сме го постигнале. Секако дека боли, но кога тимот дава сѐ од себе, нема за што да жалите“, додаде Скалони.
„Ќе биде потребно време за закрепнување, за ресетирање и за формирање нова група. Ќе биде тешко да се создаде нова како оваа. Ми го крши срцето, жал ми е“, извика Скалони додека ја напушташе прес-конференцијата.
Following their World Cup final defeat to Spain, Argentina manager Lionel Scaloni walked out of his post-match press conference after becoming too emotional to carry on. pic.twitter.com/c7NQjN2MG8
— BBC Sport (@BBCSport) July 20, 2026
Foto/ EPA
