Додека Фудбалскиот сојуз на Аргентина, не пронајде нов селектор, репрезентацијата ќе ја предводи Лионел Скалони, а ќе му асистира Пабло Аимар. Аргентина имаше лош настап на Светското првенство во Русија, каде беше елиминирана во осмина-финалето од Франција.
Поради неуспехот, Аргентинците го раскинаа договорот со селекторот Хорхе Сампаоли, а додека не биде најден неговиот наследник, Сојузот водењето на националниот тим им ја довери на поранешните репрезентативци, Скалони и Аимар.
Скалони е поранешен фудбалер на Њуелс Олд Бојс, Естудијантес, ла Коруња, Вест Хем, Расинг Сантандер, Лацио, Мајорка и Аталната, а за Аргентина има одиграно седум натпревари.
Скалони беше асистент во Севилја, а во моментов е селектор на селекцијата до 20 години.
Аимар му е помошник на Скалони во младата репрезентација.
Овој двоец ќе ја предводи Аргентина на пријателските натпревари против Гватемала и Колумбија.
Привремениот стручен штаб во кој ќе биде и Мартин Токали ќе биде на чело на националниот тим до крајот на годината.