Лионел Скалони стана третиот тренер во историјата, кој успеал да освои трофеј на СП и на Копа Америка. Тој е првиот Аргентинец со ваков остварување.
Скалони лани ги предводеше „гаучосите“ до титулата во Копа Америка, во финалето Аргентина го победи Бразил со 1:0, а синоча го освои Мундијалот во Катар.
Пред него тоа успеаја да го направат Бразилците, Марио Загал (СП 1970, Копа Америка 1997) и Карлос Алберто Пареира (СП 1994, Копа Америка 2004).
Аргентина ја победи Франција во финалето на Светското првенство во Катар по подоброто изведување пенали. По 120 минути игра резултатот беше 3:3.