Top Sport

Скамака ќе го предводи нападот на Аталанта

Поранешниот играч на Вест Хем, Џанлука Скамака е нов играч на Аталанта, соопшти клубот од Бергамо. Во трката за потписот на напаѓачот, Аталанта го победи Интер.

Скамака со Аталанта потпиша четиригодишен договор во трансфер вреден 25 милиони евра.

Тој минатото лето се пресели од Сасуоло во Вест Хем за 36 милиони евра, но неговата сезона во Премиер лигата беше нарушена со проблемите со прилагодувањето и повредите.

Во дресот на лондонскиот клуб, 24. годишниот фудбалер одигра 27 натпревари и постигна осум гола во сите натпреварувања.

Во Аталанта, која минатата сезона заврши на петтото место во Серија А, ќе го замени данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, кој за 74 милиони евра се пресели во Манчестер јунајтед..

Scroll to Top