Седум фудбалери на Реал Валјадолид биле „купени“ за да го загубат последниот меч од сезоната против Валенсија, јавува шпанскиот весник „Ел мундо депортиво“, откривајќи ја операцијата за местење мечеви која шпанската полиција ја води под кодното име „Операција Оикос“.
„Имаше седум купени фудбалери, ништо повеќе“, вели во еден од пресретнатите телефонски разговори на сега пензионираниот фудбалер, Карлос Аранда.
„Обложи се 10 илјади и ќе добиеш 20 илјади“, вели во вториот разговор на Аранда, кој додава: „Види брату, Валенсија ќе го добие првото полувреме и второто. Знаете за што се работи, никој не смее да дознае. Ни вашите пријатели“.
“Seven players were bribed”
El Mundo have published phone conversation recordings
They prove that match-fixing took place during Real Valladolid’s game with Valencia
Read the full story here?https://t.co/o075llYwgh pic.twitter.com/zPIgwOWnXb
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) June 4, 2019
Минатата недела шпанската телевизија „Антена 3“ тврдеше дека полицијата ја истражува 2:0 победата на Валенсија над Валјадолид со која „Лос че“ се квалификуваа за Лигата на шампионите. Не постоеше опасност Валјадолид да испадне од лигата откако победија кај Рајо Валјекано во претпоследното коло.
Според „Ел мундо“, не постои сомнеж дека двата клуба биле вклучени во „местенката“ и дека се работи за „дил“ меѓу фудбалерите. Сепак, наводно под истрага биле и 6:2 победата на Валенсија над Уеска и 2:1 победата на Реал Бетис над Уеска поради необична активност кај обложувалниците.