Top Sport

Скандал на меч во Шкотска: Навредлива песна за кралицата Елизабета Втора

Фудбалерите на Хибернијан вчера играа на домашен терен против Абердин, тимот на Бојан Миовски, во осмото коло на шкотската Премиерлига. Беше најавено дека натпреварите викендов во Велика Британија ќе започнат со едноминутно молчење за смртта на кралицата Елизабета Втора, но тоа не беше испочитувано на овој дуел.

Кралицата Елизабета Втора владееше со Велика Британија 70 години, а минатата недела почина на 96-годишна возраст во Шкотска.

Погребот ќе се изврши утре, а владее голема тага низ земјата. Сепак, случувањата на вчерашниот натпревар меѓу Хибернијан и Абердин, поточно однесувањето на навивачите на домашниот клуб, ја згрозија јавноста на Островот.

Некои фанови на Хибернијан свиреа за време на едноминутниот молк за кралицата, но некои од нив пееја дури и навредлива песна која особено ја остави без зборови јавноста во Англија.

„Лизи е во кутијата“, пееја навивачите на Хибернијан.

На видеото објавено на социјалните мрежи може да се забележат некои навивачи на овој клуб како го покажуваат средниот прст кон големиот екран на стадионот на кој имаше фотографија од кралицата Елизабета Втора.

 

Scroll to Top