Top Sport

Скандал на српските фудбалери на сплав во Белград: Пријовиќ го нокаутирал Тошиќ

Српските фудбалери Александар Пријовиќ и Душко Тошиќ имале жесток инцидент на сплав во Белград, откриваат српските медиуми. Пријовиќ буквално го нокаутирал Тошиќ кој бил со свое друштво на полноќна забава.

Според информациите на српски „Курир“, веднаш штом Пријовиќ го видел Тошиќ тргнал кон него да го тепа. Неколкупати со тупаници го удрил Тошиќ кој паднал нокаутиран на подот. Обезбедувањето на објектот спречило уште поголем инцидент.

Наводно, меѓу Пријовиќ и Тошиќ има голема нетрпеливост затоа што новопечениот фудбалски менаџер му упропастил трансфер на членот на Вестерн Јунајтед од Австралија.

Scroll to Top