Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, има застрашувачки методи на тренинзите. Тој бара жестока дисциплина, но и скандалозно ги навредува фудбалерите кога нема да ги исполнат неговите очекувања и наредби.
Голем скандал беа неговите зборови на последниот тренинг, кога го навреди младиот фудбалер Зидан Икбал, кој е на турнеја во Австралија заедно со сениорскиот тим на „црвените ѓаволи“.
„Чувај ја топката на земја, еб*но ѓубре“, извика Ерик тен Хаг.