Top Sport

Скандал во Крагуевац: Хулиган го удри голманот на Црвена звезда

Тежок инцидент го обележа натпреварот во српското првенство меѓу Раднички 1923 и Црвена звезда (1:1). Хулиган го удри голманот на Црвена звезда, Милан Борјан.

Инцидентот се случи по завршувањето на натпреварот. Репрезентативецот на Канада, Борјан, не бранеше на овој натпревар, но откако мечот заврши, крај оградата застана да се слика со најмладите навивачи. Во тој момент беше удрен од еден од навивачите на Раднички 1923.

Голманот на белградскиот тим во еден момент не можеше да се воздржи, па почна да ја прескокнува оградата.

Scroll to Top