Патрик Гунарсон, исландскиот голман на норвешкиот прволигаш Викинг од Ставангер се најде во центарот на големи контроверзи во норвешката лига, откако беше „фатен“ како на последните два домашни мечеви го „смалува“ својот гол.
На мечевите на „СР-Банк арената“, Гунарсон беше забележан како ги поместува диреците навнатре на мечевите со Јерв и Хам-Кам, и тоа во моментите откако помошникот судија ја завршува проверката на големината на голот. Според норвешкиот „Афтенбладет“, иако стандардната големина на голот е 7 метри и 32 сантиметри, со овој потег Гунарсон „краде“ околу 15 сантиметри.
21-годишниот голман вели дека не постои скандал.
„Тоа е ритуал кој го правам пред секој меч бидејќи така се чувствувам подобро. Нема ништо повеќе. Само малку ги клоцам диреците“, изјави Гунарсон.
Como que, Gunnarsson, el arquero del Viking de Noruega mueve los palos del arco antes del partido? pic.twitter.com/6XmDphzrvB
— Sebastian Torres (@seb_trs) May 30, 2022