Top Sport

Скандал во Премиер лигата: Силувaч без проблем играл за клубот

Англиските медиуми пренесуваат дека клубот од Премиер лигата, чиј играч е осомничен за силување, знаел за тоа, но сепак му дозволил да игра. Наводно, клубот знаел за овие сомнежи уште во 2021 година, но не го отстранил од тимот и тој играл слободно, според „Гардијан“. Според овој извор, наводното силување било пријавено во лондонската полиција во август минатата година.

„Гардијан“ пишува дека во февруари годинава истата жена пријавила две силувања, а лондонската полиција и официјално отворила истрага еден месец подоцна.

Сепак, овој факт не го спречи фудбалерот да игра натпревари од Премиер лигата за својот клуб, бидејќи не му беа наметнати никакви санкции или ограничувања.

Во моментов надлежните органи ги истражуваат овие факти.

Англиските медиуми потсетуваат дека на 4.јули во Лондон беше уапсен фудбалер од Премиер лигата под сомнение дека силувал девојка. Неговото име и името на клубот се уште не се објавени. Единствената информација која се појави е дека тој не е од Англија.

Scroll to Top