Top Sport

Халанд ќе дебитира против Америка

Најскапата инвестиција на англискиот шампион, Ерлинг Браут Халанд во новиот клуб ќе го носи дресот со број девет од Манчестер сити.

21-годишниот Норвежанец го наследи бројот на дресот од Бразилецот Габриел Жесус, кој летово се пресели во Арсенал и постигна два гола на своето деби за лондонските „топџии“.

Своето деби за „граѓаните“ Холандија треба да го има на 21. јули кога Манчестер сити во Хјустон игра пријателски натпревар против мексиканкиот клуб Америка. Три дена подоцна во Висконсин ривал ќе биде Баерн Минхен.

Халанд летово од Борусија Дортмунд се пресели во Манчестер сити во трансфер вреден 60 милиони евра.

Како што пренесуваат англиските медиуми, тој ќе заработува дури 500.000 евра неделно.

Минатата сезона Норвежанецот на 30 натпревари за Борусија Дортмунд постигна 29 гола и даде 8 асистенции.

Scroll to Top