Top Sport

Скандал во ПСЖ: Фудбалерка ангажирала криминалци да претепаат нејзина колешка

Скандал го тресе ПСЖ. Утрово во притвор заврши една од најдобрите фудбалерки, Амината Дијало. „Екип“, објави дека таа е обвинета дека најмила двајца мажи за да ја претепаат нејзината колешка од тимот, Кира Хамруи.

Нападот врз Хамруи се случил минатиот четврток. Хамруи се враќала од клупски настан, со неа била Диало и уште една нивна колешка. Диало била на возачкото место, кога маскираните напаѓачи ја извлекле од автомобилот Хамруи. Еден од нив со метална шипка и задал неколку удари по денсната нога.

Со сериозни повреди таа завршила во болница и сега се движи со помош на патерици.

Синоќа, Хамруи, требаше да го одигра јубилејниот 100. натпревар за ПСЖ.

Истрагата на полицијата покажала дека зад нападот стои Дијало, бидејќи го сакала местото во стартниот тим на кое игра Хамруи.

ПСЖ се огласи со соопштение, во кое наведува дека ќе остават надлежните органи да ја откријат вистината.

Кира Хамруи, ова лето, го започна вториот мандат во ПСЖ. Во кариерата играла за Лион и Барселона. Со овие тимови по два пати ја освојувала Лигата на шампионите.

Scroll to Top