Фудбалерите на Хајдук, вечерва ќе го пречекаат Ајакс во првото коло од Лига конференцијата, но големиот европски спектакл во Сплит веќе беше засенет од скандалозното однесување на навивачите на домашниот клуб уште пред почетокот на натпреварот.
По 16 години, Хајдук се враќа на европската сцена, а во Сплит владее голема еуфорија од утринските часови. Илјадници навивачи се собраа на улиците на градот, а членовите на „Торцида“ организираа поворка кон стадионот „Пољуд“.

Како што објави Слободна Далмација, навивачите на Хајдук извикуваа антисемитски слогани: „Газете, згазете, згазете ги Евреите“, „Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолф“, а се слушнаа и скандирања „Ајде, ајде, усташи“.
Ваквото однесување би можело да донесе сериозни проблеми за сплитскиот клуб, кој веќе може да стравува од дисциплински мерки од УЕФА, доколку инцидентите бидат предмет на постапка од страна на УЕФА.
15.10.2026, LIVE: Hajduk Split🇭🇷 – Ajαx Amsterdam🇳🇱, Torcida on way to stadium with a coffin with the inscription "Ajax", click here for more: https://t.co/w88c1AHmgc
All in one place. Tap to download.
🔗 https://t.co/OD7UtlRC7D pic.twitter.com/S0Q6iWJwwh— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) October 15, 2026
Целиот случај добива посебна тежина поради фактот што навивачите на Ајакс со децении негуваат силна врска со еврејскиот идентитет, иако повеќето од нив немаат еврејско потекло.

Најстрасните навивачи на амстердамскиот клуб се нарекуваат себеси „Суперјоден“, односно „Супер Евреи“.
Таа традиција се појави како одговор на антисемитските навреди упатени кон нив од навивачите на соперничките клубови, првенствено од Ротердам и Хаг.
Foto/ EPA
