Top Sport

Скандал во Турција – играч на Галатасарај со тупаници удри по соиграчот

Голем скандал се случи на мечот од првото коло во турската Суперлига меѓу Гиресунспор и Галатасарај кој заврши со победа на фаворитот од 2-0.

Се играше 65 минута кога стоперот на гостинскиот тим, Маркао со тупаници почна да го удира соиграчот Актуроглу.

Сите играчи на Галата се впуштија во расчистување на ситуацијата, па спречија поголем инцидент.

Не е познато како завршиле нивните очигледно нерасчистени сметки.

Маркао доби директен црвен картон, но Галатасарај пред тој момент имаше играч повеќе на теренот и на семафорот беше постоечкиот резултат (0:2).

Еве како изгледаше целата ситуација:

Scroll to Top