Голем скандал го трее фудбалот во Словенија откако играчите од репрезентацијата У-21 пуштија во јавност писмо со кое сакаат да се ослободат од селекторот – Примож Глиха.
Фудбалерите одбиле да тренираат и да настапуваат за националниот тим се додека Глиха е селектор, а во писмото ги навеле причините за тоа.
Наводно, селекторот ги навредувал своите играчи, ги започнувал тренинзите без загревање и воопшто не ги анализирал противниците. Исто така, во писмото се споменува дека им забранувал да ги слават головите, а имале и забрана да спијат во автобус додека патуваат на гостувањата.
Најголемо внимание привлекува обвинувањето на сметка на Глиха дека тој не им дозволувал ниту да јадат. Се споменува 7 септември, пред мечот против Унгарија во 15 часот. Играчите, според сведоштвата, не смееле да ручаат, а по наредба на селекторот смееле да појадуваат само житарки со јогурт.
Им забранувал да ги затвораат хотелските соби и преку ден и ноќе, не смееле играчите да користат мобилни телефони и да гледаат телевизија додека се одмораат, а биле забранети и друштвените игри.
Slovenija ima velik problem: Uprli so se mladi reprezentanti, ki pod Primožem Gliho nočejo več igrati https://t.co/MqauIZrIi9 pic.twitter.com/Kf9UOTGtls
— Nogomania.com (@Nogomania) October 14, 2020