Top Sport

Скандираа „Косово е Србија“ – Романски навивачи претепани и исфрлени од стадионот во Приштина

Косово, синоќа, ја пречека Романија (0:0) и нејзините навивачи во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.

Гостопримството на навивачите им беше брутално откажано кога пред крајот на натпреварот започнаа да кандираат: „Косово е Србија“.

Ова предизвика гнев кај домаќините, реагираа редарите и полицијата, прво ги претепаа романските навивачи, а потоа ги избркаа од стадионот.

Романија е една од земјите што не го признава Косово, а нејзините навивачи застанаа во Белград на пат кон Приштина и се фотографираа пред храмот Свети Сава со голем транспарент: „Измислени земји, тоа е лажен фудбал. Тие ништо не ни значат.“

Scroll to Top