Top Sport

Скап автомобил за побрзо опоравување на мајката на Роналдо

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро преку социјалните мрежи се заблагодари на своите деца за скапиот предвремен подарок за Денот на мајката, нов „Мерцедес“.

Авеиро се опоравува од мозочниот удар кој го имаше оваа година и кој беше причина Роналдо да се врати на својот роден остров, Мадеира, каде што го поминува периодот на самоизолација поради корона вирусот. За среќа, таа бргу излезе од болница и сега нејзините деца решија да и дадат предвремен подарок за Денот на мајката (кој некои земји го слават на 10 мај).

„Благодарам до моите деца за подарокот кој го добив денеска. Среќен Ден на мајката“, напиша Авеиро на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

Obrigada aos meus filhos pelos presentes que hoje recebi. Feliz dia para todas as mães ❤️?

A post shared by Maria Dolores (@doloresaveiroofficial) on

Scroll to Top