Top Sport

Скаути на Челси го гледале Милинковиќ-Савиќ

Уште еден тим се вклучил во трката по потписот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. „Туто Меркато“ објави дека српскиот репрезентативец синоќа во Глазгов го гледале скаути на Челси.

Милинковиќ-Савиќ е играч на Лацио од 2015 година, а изминатите две години се поврзува со врвни европски клубови (Реал, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Интер, Милан, ПСЖ).

Србинот го следеле и од Челси, чии скаути биле во Глазгов. Синоќа Лацио беа поразени од Селтик со 2:1.

Милинковиќ-Савиќ неодамна потпиша нов договор со Лацио. Годишно заработува 3,5 милиони евра, а се претпоставува дека клаузулата за откуп на неговиот договор е најмалку 100 милиони евра.

Scroll to Top