Top Sport

Првиот пик паднал на допинг-тестот

Диандре Ејтон, првиот пик на драфтот одржан во 2018 година, бил позитивен на диуретик. НБА лигата на играчот на Финикс Санс му одредила суспензија на 25 натпревари.

Ентони бил постивен на диуретик што најчесто се користи за побрзо слабеење или за исфрлање на други супстанци од организмот (најчесто стероиди). Талентираниот кошаркар одигра одличен меч против Сакраменто Кингс, го заврши со 18 поени, 11 скока и четири блокади.

„Им се извинувам на сите, на моето семејство, франшизата, соиграчите, партнерите, навивачите…Ова беше ненамерна грешка. За жал нешто внесов во телото, а не сум бил свесен што е тоа“, рекол 21 годишниот кошаркар.

Асоцијацијата на играчите ќе ја обжали одлуката на НБА. Тие подготвувале одбрана со цел казната да биде намалена или целосно укината.

Одбраната ќе се обиде да докаже дека младиот центар немал намера да внесе во телото недозволена супстанца.

Scroll to Top