Дуелот од Лигата на Европа меѓу тимовите на Скендербег и Партизан предизвикува огромно внимание поради впечатокот дека се работи за меч од висок ризик, а дополнителен мотив за албанскиот тим ќе биде ветувањето на претседателот Ардјан Такај за огромна премија доколку го победат српскиот тим.
Скендербег и Партизан се среќаваат во третото коло на Лигата на Европа во 21.05 часот во четврток, а Такај сметаше дека е потребно да вети 100.000 евра за победа над црно-белите, додека 50.000 евра ќе биде премијата за реми.
Двата тима имаат по едно реми и еден пораз во досегашните натпревари. Во вториот меч од групата, Динамо Киев игра со швајцарскиот Јанг Бојс.