Луси Фелипе Солари, раскажал како по само седум месеци, добил отказ на „Стенфорд Бриџ“. Светскиот првак со Барзил во 2002 година, го предводеше Челси во сезоната 2008/2009.
Сколари, во интервју за „Дејли мејл“, раскажал дека отказ добил поради Дидие Дрогба и Николас Ањелка.
„Имав проблеми со двајца фудбалери. Дрогба беше повреден и кога се врати беше многу тешко да се организира тимот со него и Ањелка. Се обидев да разговарам со играчите, за да си ги разберат позициите, но не можеа да ме разберат што очекувам од нив. Проблемите се случуваа надвор од теренот, не на самиот терен“, рекол Сколари и дополнил.
„Проблем беше комуникацијата, за жал. Неколку години подоцна разговаравме на таа тема, сега се е во ред. Се остана во минатото. Гледано од оваа временска дистанца, мислам дека тој случај не заслужува некое посебно внимание.