Top Sport

Сколс: Алексис Санчез не може да биде полош

Алексис Санчез не може да стане полош за Манчестер јунајтед, вели легендата на клубот Пол Скокс по поразот на Јунајтед од Челси во финалето на ФА купот.

Чилеанецот пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари од Арсенал, и се сметаше дека Јунајтед добил сериозно засилување, посебно бидејќи и Сити го бркаа Санчез. „Ѓаволите“ дури го пратија и Хенрик Мхитарјан во Арсенал за да се осигура зделката. Сколс од почетокот не беше импресиониран.

„Неговите перформанси… Па, мора да биде подобро. Да бидеме искрени, не може да биде многу полош. Ќе видиме како ќе ја започне новата сезона, бидејќи мора да ги увери фановите дека можат да се борат со Манчестер сити. Потребен ни е голем играч. Дали го имаме? Пол Погба не може да победува сам, Еден Азар може. Алексис Санчез засега не може од тоа што го видовме. На Манчестер јунајтед му требаат два магични фудбалери. Некој како Азар, Роналдо, Меси, каков што немаат многу тимови“, вели Сколс.

Scroll to Top