Top Sport

Сколс до Бруно: Не постоиш на големите натпревари!

Не се само навивачите на Манчестер Јунајтед разочарани по вчерашните 0-0 на „ѓаволите“ кај Арсенал поради што паднаа од лидерската позиција на табелата. Разочарани се и клупските легенди.

Прв се огласи Рој Кин со порака дека Јунајтед се плаши од борбата за првото место, а по него својот став го искажа и Пол Сколс.

Легендарниот играч од средниот ред на Манчестер го прозва Бруно Фернандеш:

„Изгледа дека овој Јунајтед не може да добие ниту еден голем натпревар. Не можат да најдат начин како. Бруно Фернандеш беше големо разочарување на секој од овие мечеви. Тој има сјајна бројка на голови и асистенции, но во 5 последни меча против големите ривали нема ни гол, ниту асистенција“ подвлече Сколс.

Поранешниот играч на клубот го боли недостатокот на глад за триумф што актуелните „ѓаволи“ го имаат.

„Арсенал е големо име, тоа е голем меч, но во овој момент немаат голем тим. И покрај тоа Манчестер не победи. Не видов ниту претерана желба да се добие мечот. Не видов дека `изгинаа` на терен. Иако Арсенал без Обамејанг не е толкава закана, Јунајтед не направи многу за да го добие мечот“ рече Сколс.

Scroll to Top