Top Sport

Сколс: Фердинанд да стане спортски директор? Па, тоа е бесцелно!

Пол Сколс секогаш бил искрен во своите проценки на состојбата во својот поранешен клуб Манчестер јунајтед (поради што беше во конфликт со Жозе Мурињо), и сега вели дека неговиот екссоиграч Рио Фердинанд не треба да биде поставен за спортски директор на клубот.

„За мене тоа е губење на времето, да бидам искрен. Зошто на еден клуб би му бил потребен директор на фудбал? Имаат менаџер, тој е тој кој ќе ги купува фудбалерите. Тој има главен скаут, кој ги препорачува фудбалерите и потоа откако ќе ги изгледа ќе ги купи. За мене нема потреба да има директор за фудбал. Тоа е само измислување на работно место кое не е потребно“, вели Сколс.

Сколс неодамна имаше неславен крај на својата прва работа како тренер, заминувајќи од третолигашот Олдам по само 31 ден.

Scroll to Top