Top Sport

Емполи уште не е испаднат, Монтела не знае за победа со Фиорентина (видео)

Емполи ја победи Фиорентина со 1:0 за да ги заддржи шансите за опстанок во Серија А, и во исто време да ја продолжи мизерната серија на Винченцо Монтела при враќањето на клупата на клубот од Фиренца – четири порази и едно реми без голови во петте меча.

Бразилецот Диего Фариаш го постигна единствениот гол на мечот во 54. минута за драгоцени три поени за Емполи, кои остануваат во зоната за испаѓање на 18. место, но сега со само два поени зад Удинезе на 17. место.

Фиорентина и Монтела пак, се само на 13. место на табелата, откако „авиончето“ по враќањето во Фиренца загуби три меча од Серија А, во еден одигра нерешено, а испадна и во полуфиналето на Копа Италија од Аталанта. Фиорентина пак, вкупно има 11 меча без победа!

Scroll to Top