Top Sport

Сколс: Кантона е легенда, но не во иста класа со Роналдо

Кристијано Роналдо секогаш бил на „едно ниво повеќе“ од сите фудбалери, вклучувајќи го и Ерик Кантона, вели неговиот поранешен соиграч, легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс.

Французинот Кантона дојде во клучно време на „Олд Трафорд“, понагајќи да почне низата трофеи под Сер Алекс Фергусон во 1992/93, и неговото присуство носеше одредена ароганција и класа во тимот. Оттогаш многу фудбалери го облекле црвениот дрес, вклучувајќи го и Роналдо, кој се врати во тимот и Сколс, кој играше со двајцата, вели дека нема споредба.

„Ерик беше многу сличен фудбалер, но Кристијано беше на повисоко ниво. Ерик тренираше напорно, но не беше манијак како Кристијано, кој работеше и пред и по тренинг. Не сум видел попрофесионална личност. Цел ден ги тренираше слободните удари, спринтовите, правеше работи кои англиските фудбалери не ги имаа видено“, открива Сколс.

Роналдо во првите шест години во Јунајтед имаше 292 настапи и 118 гола за Јунајтед, додека Кантона имаше 185 настапи и 82 гола, пред да се пезионира на само 30 години во мај 1997.

Scroll to Top