Top Sport

Сколс утре ќе биде потврден како тренер на Олдам

Пол Сколс утре ќе биде потврден како менаџер на третолигашот Олдам атлетик, откако Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) оцени дека нема проблем со неговата сопственост на 10 отсто од петтолигашот Салфорд, со што ќе стане последен од славната генерација на Манчестер јунајтед кој се обидел како тренер.

44-годишниот Сколс ќе го следи примерот на своите поранешни соиграчи кои станаа тренери – Оле Гунар Солксјер (Манчестер јунајтед), Рајан Гигс (велшка репрезентација), Фил Невил (англиска женска репрезентација), Гери Невил (поранешен тренер на Валенсија) и Рој Кин (помошник тренер во Нотингем форест).

Бидејќи Салфорд можеше да влезе во четвртата лига, а Олдам да испадне во истата лига, ЕФЛ мораше да даде дозвола двата тима да играат во иста лига. Доколку се случи ова, Сколс ќе мора да ги продаде акциите во клубот или да си даде оставка. Акционери во Салфорд се поранешните колеги на Сколс од Јунајтед, Дејвид Бекам, Ники Бат и браќата Гери и Фил Невил.

Олдам се на 14. место во Лига 1.

Scroll to Top