Top Sport

Лестер ги пропушти своите шанси, Тотенхем со три поени (видео)

Тотенхем стигна до 2:1 победа над Лестер сити во меч од 26. коло во англиската Премиер лига, откако гостите ги пропуштија своите шанси и утнаа пенал.

Спарси дојдоа во водство преку Давинсон Санчез по едно убаво нафрлање на Кристијан Ериксен во 33. минута, но гостите имаа шанси за израмнување по еден час игра, кога Џејми Варди застана на белата точка. Сепак, неговиот удар беше одбранет од Иго Љорис.

Ова веднаш беше казнето, кога во 63. минута Кристијан Ериксен постигна прекрасен гол од работ на шестнаесетникот. Варди се „извади“ за промашениот пенал во 76. минута да намали на 2:1, но трите поени за Тотенхем ги обезбеди Сон Хеунг-Мин во 91. минута од мечот.

Тотенхем остнауваат на третото место во Англија со 60 поени, пет помалку од лидерот Ливерпул, но и девет пред Манчестер јунајтед на шестото место.

Фото: ЕПА

Scroll to Top