Top Sport

Скопје со чудесен пресврт против Академија Пандев, триумф за Шкупи, реми за Шкендија

Скопје успеа да направи изненадување во Првата фудбалска лига на Македонија со победата (1:2) над Академија Пандев на гости, со пресврт во второто полувреме. Гостите славеа со головите на Леонид Игњатов во 63. и во 79.минута, откако Осман Маронг во петтата минута донесе предност за „пандевци“.

Шкендија ремизираше без голови во Тетово против Борец. Фудбалерите на Бруно Акраповиќ не реализираа многу шанси и самите се виновни за ова реми.

Шкупи со 1:0 го победи Тиквеш. На крајот на првиот дел беше досуден пенал за гостите, но по бурните реакции на домашните фудбалери, сепак, одлуката беше повлечена. Во 49.минута, Марјан Радески постигна гол за победа на Шкупи.

Македонија ЃП со 2:0 го победи Пелистер. Сефер Емини двапати стрелаше од пенал.

Брегалница и Ренова одиграа 2:2 на комплексот на ФФМ. Штипјани водеа со 2-0 со головите на Урош Дамњановиќ, но потоа заработија два црвени картони, а тоа Ренова го искористи да израмни преку Шефит Шефити и Ремзифаик Селмани од пенал.

Струга Трим Лум вчера го победи Работнички на арената „Тодор Проески“ со 1:3.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top