Надежите за опстанок се живи во Автокоманда. ФК Скопје во последните минути од мечот против Шкупи израмни за конечни 1:1, кои кобинирани со поразите на Пелистер и Победа во 33. коло на Првата лига, значи дека ги прескокнаа на табелата на осмото место.
Шампионот Шкендија си замина со 3:1 победа и три поени од гостувањето во Кратово кај Силекс, додека Вардар повторно не победи, откако одигра 1:1 кај Ренова.
Пелистер дома загуби од Академија Пандев со 3:1, а Работнички ја совлада победа со 4:2, за пелагониските клубови да се најдат во подредена ситуација во борбата за опстанок во лигата.
ПМФЛ, 33. КОЛО
Скопје – Шкупи 1:1
Пелистер – Академија Пандев 1:3
Работнички – Победа 4:2
Ренова – Вардар 1:1
Силекс – Шкендија 1:3
ТАБЕЛА: 1.Шкендија 82, 2.Вардар 53, 3.Силекс 46, 4.Работнички 45, 5.Академија Пандев 42, 6.Ренова 41, 7.Шкупи 39, 8.Скопје 32, 9.Победа 32, 10.Пелистер 31.
Фото: ФК Шкупи