Top Sport

Арсенал и „топчиите“ убедливо се простија од Венгер, сонот на Челси уште трае (видео)

Арсенал испадна во полуфиналето на Лигата на Европа и нема да игра во ЛШ следната сезона, меѓутоа со убедлива 5:0 победа на достоен начин се простија од човекот кој 22 години ги предводеше, Арсен Венгер во последниот домашен меч.

Фантастичен момент во текот на мечот беше и пеењето на навивачите на Барнли, кои без срам ја запеаја „Еден е Арсен Венгер“ во чест на тренерот на противникот, а Венгер секако доби и почесна стража од играчите на двата тима.

Пјер-Емерик Обамејанг со два гола (последното засилување на Венгер), Лаказет, Колашинац и Ивоби осигураа Арсенал да ги „прегази“ Барнли, иако разликата на табелата е само едно место – Арсенал се шести, Барнли на седмото место.

Навивачите на Челси, пак, уште ќе е се надеваат на пласман во Лигата на шампиони, по супер-важната победа од 1:0 над тимот на Ливерпул, со што „Црвените“, кои ги очекува и финале од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, обезбедија да биде драматично во последната недела во англискиот фудбал.

Оливие Жиру во 32. минута го „скрши“ отпорот на гостите, кои и покрај поголемиот посед на топката, немаа поконкретни шанси против Челси. Сега, Ливерпул останува трет со 72 поени, Тотенхем (со натпревар помалку) се четврти со 71 поен, додека Челси се петти со 69 освоени поени.

Сѐ е подготвено за збогувањето на Венгер со Арсенал

Scroll to Top