Top Sport

„Скромниот“ Мурињо одговори зошто во 2015 вети дека никогаш нема да е тренер на Тотенхем (видео)

Во неговата прва прес-коференција како менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо призна дека правел грешки во својата кариера во Премиер лигата, но вети дека нема да го повтори тоа во новиот клуб, а исто така мораше да одговори на прашањата околу неговата изјава во 2015 дека никогаш нема да биде тренер на клубот од северен Лондон.

„Во кариерата правев грешки. Но, нема да ги правам истите грешки, ќе правам нови грешки. Јас сум скромен, доволно скромен да ја анализирам мојата кариера. Не само минатата година, туку сите проблеми и решенија. Никогаш не сум сакал да обвинувам никого за моите грешки“, вели Мурињо.

Во 2015 година како менаџер на Челси тој изјави дека никогаш нема да биде тренер на Тотенхем, иако сега потпиша трииполгодишен договор до 2023 година. Тогаш Мурињо тврдеше дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви го барал уште во 2007, но дека тој не би можел да прифати таква работа поради „љубовта кон навивачите на Челси“. Секако, тоа беше споменато на прес-конференцијата.

„Тоа беше пред да бидам отпуштен!“, изјави со голема насмавка Португалецот.

Scroll to Top