Top Sport

Балотели се степал на тренинг на Бреша, новиот тренер го избркал дома!

Марио Балотели го прекратил тренингот на Бреша попладнево поради тепачка со засега неименуван соиграч, зголемувајќи ги шпекулациите за конфликт со новиот тренер на италијанскиот прволигаш, Фабио Гросо.

На 9 ноември, Гросо го повлече Балотели на полувреме во својот прв меч на клупата на клубот од Ломбардија, во текот на домашниот пораз од 0:4. Сега, „Ла газета дело спорт“ тврди дека има големи несогласувања меѓу двајцата, кои ескалирале на тренингот во четвртокот.

„Марио, оди си“, му кажал јасно Гросо на напаѓачот, кој потоа си заминал дома.

Според изворите на весникот, 28-годишниот Италијанец бил „многу лут“, и останува да се види дали воопшто ќе патува во Рим за дуелот со Рома во недела.

Scroll to Top